Објавена е Joomla! 3.6.1 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла. Ова е безбедносна обнова и се препорачува веднаш да обновите до најновата верзија.
Пред да обновите прочитајте ги следните УПАТСТВА ЗА ОБНОВУВАЊЕ:
ОБНОВА ОД ВЕРЗИЈА 3.6.0
- појдете во Менаџерот на надградби па прво обновете ја Joomla! компонентата за обнови
- потоа преку компонентата за обнова на Joomla! обновете си ја вашата Joomla!.
ОБНОВА ОД ВЕРЗИИ 3.0.0 – 3.5.1
- Најпрво обновете до верзија 3.6.0 па потоа следете ги чекорите од погоре за обнова до најновата верзија.
ОБНОВА ОД ВЕРЗИИ 2.5.x
- за жал постои баг при обнова од 2.5.х на 3.6.0 кој е решен во 3.6.1, но бидејќи се јавува проблем, треба прво да мигрирате до 3.5.1 па потоа да ги следите погорните чекори за обнова до 3.6.0 па до 3.6.1
Препорачливо е веднаш да ја обновите вашата верзија.
За обнова на верзиите користете ги погорните упатства. За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:
Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.
- Категорија: Информации
Страница 153 од 154