Joomla! 1.5.6.
Ова е моментно најстабилна верзија, па така можеше да биде и помакедончена.
Веќе ја гледате на дело.
Се надеваме дека на многумина тоа ќе им го олесни изборот „За“ Joomla! која е одличен систем за менаџирање портали и динамични содржини.
Бидејќи е Слободен Софтвер, секој може да го има и да го користи според сопствените потреби, притоа, согласно лиценците, менувајќи го и дотерувајќи го по ќеиф.
Тоа ги вклучува и јазичните делови кои се однесуваат на Македонската локализација, значи слободно прилагодете си ги за потребите на Вашите страници.
Топ Нет МК Ви нуди:
- Joomla! 1.5.6.МК подготвена за инсталирање на сервери (потребно е да се отпакува во главната папка на Вашата страница, а потоа едноставно отворете ја страницата во пребарувач и следете ги упатствата на саканиот јазик)
- JoomlaPC MK локален сервер за Вашиот Виндовс кој е подготвен да ги издржи сите Ваши тестирања и вежбања пред да се осудите да ги поставите Вашите страници јавно достапни
- Joomla! 1.5.6.МК јазичен пакет за корисничкиот дел
- Joomla! 1.5.6.МК јазичен пакет за администраторскиот дел
- Joomla! 1.5.6.МК јазичен пакет за инсталацискиот дел
Ако сакате нешто да ни кажете или прашате слободно обратете ни се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.