Џумла е наградуван систем за управување со содржини (Content Management System – CMS) кој Ви овозможува да изработувате веб страници и моќни онлајн апликации. Многу аспекти, вклучувајќи ги леснотијата за користење и надградливоста, ја прават Џумла да биде најпопуларниот достапен софтвер за веб страници. Најдоброто од сè е што Џумла е решение со отворен код кој е слободно достапен секому.

Што значи Џумла?
Името Џумла (Joomla) е фонетски спелувано од Свахили зборот „Jumla“ кој значи „сите заедно“ или „како цело“. Ова име е одбрано од илјадниците предлози на заедницата и откако мина низ рацете на брендинг и маркетинг професионалци кои, истотака, се согласија дека името Џумла е најдобриот избор.
Како звучи зборот во оригинал можете да слушнете тука (кликнете на иконката за пуштање или на Standard pronunciation).

Што е систем за управување со содржини (Content Management System – CMS)?
Систем за управување со содржини е софтвер кој ги следи и чува податоците од Вашите веб страници, слично како што во библиотеките се следат и чуваат книгите. Содржините можат да бидат едноставен текст, фотографии, музика, видео, документи или што и да си замислите. Главната предност при користење CMS е што не мора да имате некои големи технички познавања за да можете да ракувате со содржините.

Неколку примери од реалниот живот за тоа што може Џумлата
Џумлата се користи насекаде низ светот за придвижување на веб страници од различен тип и големина. На пример:
  • Корпорациски веб страници или портали
  • Корпорациски интранет или екстранет
  • Онлајн магазини, весници или публикации
  • Е-трговија и онлајн резервации
  • Владини апликации
  • Веб страници на мали бизниси
  • Веб страници на Непрофитни организации
  • Социјални, на заедништво базирани портали
  • Школски и Црквени веб страници
  • Приватни или семејни страници

Кој користи Џумла?
Еве неколку примери на страници кои користат Џумла:
Дел од Македонските сајтови кои користат Џумла можете да видите тука.
Повеќе примери за компании кои користат Џумла можете да најдете на Joomla Site Showcase форумот.

Можете ли да бидете сигурни дека и во иднина ќе имате подршка за Џумла?
Џумла е најпопуларниот CMS со отворен код поддржан од растечката заедница на пријателски корисници и талентирани развивачи. Корените на Џумла потекнуваат уште од 2000-тата година, а со заедница од над 200 000 корисници и придонесувачи, иднината изгледа светла за наградуваниот проект Џумла.

Некои напредни начини за искористување на Џумлата
Многу компании и организации имаат потреби кои ги надминуваат можностите достапни со основниот Џумла пакет. Во тој случај, моќната работна околина на Џумла го прави за развивачите лесно создавањето софистицирани додавки кои ја надградуваат моќта на Џумла во, виртуелно, неограничени правци.
Јадрото на Џумла работната околина им овозможува на развивачите брзо и лесно да прават:
  • Пописни контролни системи
  • алатки за Податочни извештаи
  • Премостувачки апликации
  • разни Каталози на продукти
  • интегрирани Системи за Е-трговија
  • сложени Бизнис папки
  • системи за Резервации
  • Комуникациски алатки

Бидејќи Џумла е базирана на PHP и MySQL, Вие градите моќни апликации на отворена платформа која секој може да ја користи, сподели или поддржи. Повеќе информации за Џумла работната околина можете да побарате на Joomla Developer Network.

Запомнете:
Џумла е слободна, отворена и секому достапна под ГПЛ договорот.
Прочитајте го Getting Started with Joomla за да ги видите основите, а потоа пробајте ја демо страницата и набргу ќе се уверите во колку е сè едноставно со Џумла.
Ако сте подготвени за инсталирање на Џумла, преземете ја најновата верзија и веќе сте почнале :)


Текстот за едукативни цели е преземен од тука.