Објавена е Joomla! 3.5.0 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла.

Во ова верзија се додадени многу нови работи вклучително и поддршка за PHP 7, е-порака за нова верзија, копче за вметнување модули во артикл, поставување слики во артиклите со влечење и спуштање... (кликнете на сликата за да прочитате повеќе за новостите)

Joomla 3.5

Препорачливо е да ја обновите вашата верзија.

За обнова на верзиите користете го Менаџерот на надградби и со еден клик завршете ја целата работа. За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.