Објавена е Joomla! 3.4.7 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла.

Ова е безбедносна верзија во која се решени неколку критични безбеносни проблеми кои се открија во претходните верзии. Препорачливо е веднаш да ја обновите вашата верзија.

Верзијата 3.4.7 решава два безбедносни проблеми вклучувајќи и подобрување на MySQLi управувачот за спречување на напади со објектно инјектирање.
Joomla Security Strike тимот ја следеше состојбата по минатонеделната обнова. Стана јасно дека проблемот го предизвикува баг во самиот PHP. Тимот на PHP го средија тоа во септември оваа година со објавување на верзиите PHP 5.4.45, 5.5.29, 5.6.13 (исто така поправено е и на PHP 7 и некои специфични Linux LTS верзии на PHP 5.3). Па така, загрозени се само Џумла сајтови кои се хостирани на проблематични верзии PHP. Бидејќи се плашиме дека не сите хостинг компании редовно ги обновуваат верзиите на PHP, ви нудиме закрпа за вашиот сајт да се справи со проблематичните верзии на PHP и биде побезбеден.

За обнова на верзиите користете го Менаџерот на надградби и со еден клик завршете ја целата работа. За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.

Бидејќи еден од проблемите се однесува и на верзиите од 1.5 и 2.5, направен е исклучок и пуштени се закрпи и за тие верзии, па ако користите постари верзии на Џумла еве ви линкови до закрпите:

Секако, препорачиво е старите верзии да ги мигрирате до најновата верзија заради ваша безбедност.