Објавена е Joomla! 3.4.4 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла.

Ова е безбедносна верзија во која се решени неколку проблеми кои се појавија во претходната верзија. Препорачливо е веднаш да ја обновите вашата верзија.

Инаку во 3.4.4 верзијата се прочистени јазичните документи, поправени се проблемите при инсталирање на MSSQL и PostgresSQL, обновени се jQuery, HTML5Shiv и CodeMirror и довршена е имплементацијата на Joomla правилата за стилот на кодирање.

За обнова на верзиите користете го Менаџерот на надградби и со еден клик завршете ја целата работа. За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.