Објавена е Joomla! 3.4.3 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла.

Ова е безбедносна верзија во која се решени неколку проблеми кои се појавија во претходната верзија. Препорачливо е веднаш да ја обновите вашата верзија.

Инаку во 3.4 верзијата подобрено е уредувањето на артиклите од предната страна на сајтот, компонентата за веб-врски е одвоена од јадрото и сега е посебна компонента, интегриран е Composer, вградена е новата reCaptcha на Google и зголемена е безбедноста со имплементирање на UploadShield код кој може да ги детектира најчестите малициозни качувања преку анализа на имињата на документите и нивната содржина.

За обнова на верзиите користете го Менаџерот на надградби и со еден клик завршете ја целата работа. За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.