JoomlaPack е компонента за Joomla која може да направи бекап од целиот Ваш сајт (документи и бази на податоци) како еден пакет. За да Ви помогне при обновувањето, содржи и инсталирач, во духот на стандардниот Joomla инсталирач. Сè што треба да направите за да обновите некој сајт од бекап е да ја следите регуларната Joomla процедура: отпакувајте ја архивата, качете ги документите, насочете го Вашиот прелистувач кон инсталациската скрипта, следете ја инсталацијата и готово.
Како дополна, можете да го обновите бекапот на кој и да е сервер, не само на тој каде е направен. JoomlaPack користи бекап технологија неутрална од верзијата на MySQL базата. Ова Ви дозволува, на пример, да направите бекап на домаќин со MySQL 5 и потоа да го обновите на домаќин со MySQL 3.23 (Корисникот треба да одбере соодветно во конфигурацијата на компонентата пред да направи бекап). Можностите на компонентата се бескрајни. Некои од можните употреби:

  • Сигурносна копија - да Ви се најде ако случајно се оштети серверот или некој го нападне Вашиот сајт.
  • Сајт шаблон - веб професионалците ја користат JoomlaPack за да направат „сајт шаблони“. Тоа значи дека можете да направите сајт на локален сервер, да ги инсталирате сите компоненти кои вообичаено им ги нудите на клиентите и да направите бекап. Така имате стокмен сајт кој може да Ви служи како шаблон за идните клиенти. Истиот метод може да Ви послужи да направите слика од сите сајтови кои сте ги изработиле за клиенти, без да треба да ги имате инсталирано на Вашиот локален сервер.
  • Направете го сајтот локално, качете го и лесно довршете го - веб професионалците можат сајтот целосно да го изработат на локалниот сервер, потоа да направат бекап со JoomlaPack и да го обноват на вистинскиот сервер.
  • Тестирање надградби локално, без ризик од паѓање на Вашиот онлајн сајт - Joomla надградбите можат да содржат и делови кои би потенцијално би предизвикале пад на сајтот, особено посложените или лошо напишаните компоненти и модули. Веб мастерите ја користат JoomlaPack за да направат копија од сајтот, да ја постават на локалниот тест сервер, да ги инсталираат надградбите и да направат тест за можни проблеми, без ризик по онлајн сајтот.
  • Локално дебагирање - скоро исто како и претходното, веб професионалците ја користат JoomlaPack за да направат копија од сајтот на клиентот за да почнат лов на грешки. Повторно користејќи ја JoomlaPack можат да го вратат поправениот сајт на вистинскиот сервер.
  • Преселба на сајт кај нов домаќин - веб мастерите кои сакаат да ги преселат своите сајтови кај нов домаќин откриваат дека JoomlaPack може да биде нивниот спасител. Само направете бекап на оригиналниот сајт и обновете го кај новиот домаќин; Вашиот сајт наскоро ќе биде префрлен скоро без никаков напор.

JoomlaPack може да Ви заштеди часови од Вашето време. Ова го кажале илјадници корисници. Уште повеќе, оваа бесценета алатка ја добивате бесплатно. JoomlaPack е објавена под GNU/GPL лиценцата, верзија 2 или која и да е подоцнежна верзија.
JoomlaPack не се обидува повторно да го измисли тркалото. Постојат и други компоненти за Joomla, бесплатни и комерцијални. Тука е и можноста самите да напишете cron скрипта користејќи стандардни алатки како tar и mysqldump. Сметаме дека ваквите алатки не го прават тоа што го очекуваме, или не на начинот кој го бараме, или се преценети, или нивното користење одзема премногу време. JoomlaPack е нашиот личен поглед на употребливоста и ефикасноста. Се чини дека илјадници веб мастери се согласуваат со нашата перспектива и тоа ни дава сила да продолжиме.