Кога ќе престане официјалната подршка за Joomla 1.0.x ?
Не е едноставен одговорот. Знаеме дека кодот потекнува од пред неколку години и си ја покажува староста (Мambo 4.5.2 е објавен во 2005, но делови од основниот код за 4.5 се објавени во декември 2003). Потсетување на нашата кратка историја, Joomla проектот е заснован на Mambo проектот од 17 август 2005. Кратко потоа, на 16 септември 2005, Joomla 1.0 е објавена како подобрена верзија на Mambo 4.5.3. На 27 октомври 2005 е најавена алфа верзијата на Joomla 1.1 а таа верзија подоцна е преименувана во Joomla 1.5. Она што започна како мали надградби прерасна во целосно преработена кодна база и оваа верзија на Joomla е објавена на 22 јануари 2008.
Оттогаш седум верзии од Joomla 1.5 се објавени. Експоненцијално расте бројот на преземања и на корисници, евидентирани приближно 7 милиони преземања. Во јануари 2008, само 15% од новообјавените надградби беа создадени за Joomla 1.5 а тој процент сега порасна на 73%. Прифатеноста на Joomla 1.5 од корисниците и од создавачите достигна завидно ниво и прикажува неописно ниво на придонес во Joomla проектот од двете страни.
Но, време е да се простиме од нашиот стар пријател Joomla 1.0. На 22 јули 2009 Joomla 1.0.х серијата веќе нема да биде поддржана. Како корисник, дали тоа значи дека треба да ја надградите вашата Joomla 1.0.х? Апсолутно не бидејќи сигурносните надградби ќе се поддржани до овој датум. Но, ако сте корисник кој уште не се надградил до Joomla 1.5, би требало да го сторите тоа, за да почнете да ги чувствувате придобивките од најновата верзија. Ако сте создавач од тој мал круг кој уште не создава за Joomla 1.5, ова е последен повик да му се приклучите на мнозинството создавачи кои веќе ја откриле моќта и леснотијата на Joomla 1.5 серијата.
Во меѓувреме, работиме на Joomla 1.6 :)