Објавена е Joomla! 3.9 која носи над 250 подобрувања од кои најважно е „The Privacy Tool Suite“ а коригира и неколку пропусти од претходните верзии. Препорачливо е да надградите.

Алатките за приватност го подобруваат и олеснуваат управувањето со корисниците и нивните права.
Освен тоа, верзијата 3.9 нуди и додавање белешки на артиклите и пребарување по содржина, вчитување модул во артикл по ID, повторливи полиња по желба, приказ на интро или главна слика во модулот за приказ на новости, приказ на артикли само од одреден автор во модулот последни новости, користење на Google Invisible reCAPTCHA, користење на Argon2id Password и многу други.

За обнова на верзиите користете ја компонентата Joomla обнова и сето тоа ќе мине со еден клик. Но ппред да го направите тоа, проверете дали сите надградби ви се обновени, а секако препорачуваме и да користите PHP 7.1.x или повисоко.

За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.