Објавена е Joomla! 3.7 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла. Во оваа верзија се вклучени над 700 подобрувања.

Едно од најважните е дека се воведени Полиња по желба, кои можете да ги вклучите во секој артикл. Значи, немате потреба од додавки за да го збогатите артиклот со некои полиња како качување документ, внесување некој текст и слично.

Отсега имате можност да си ги уредите и менијата за администраторскиот дел.

Подобрена е мултијазичната поврзаност преку посебна компонента која се грижи за тоа и многу други нешта.

Напомени:

  1. Во опции на Медии имате поле за дозволена големина на качување, ако случајно имате проблем со тоа проверете.
  2. До сега како познат баг е проблемот со користењето на системската кеш додавка, па ако ја користите исклучете ја до појавата на верзијата 3.7.1 која се очекува скоро.

За обнова на верзиите користете ја компонентата Joomla обнова и сето тоа ќе мине со еден клик.

За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.