Објавена е Joomla! 3.4.1 најновата верзија од серијата 3.х на Џумла.

Во верзијата подобрено е уредувањето на артиклите од предната страна на сајтот, компонентата за веб-врски е одвоена од јадрото и сега е посебна компонента, интегриран е Composer, вградена е новата reCaptcha на Google и зголемена е безбедноста со имплементирање на UploadShield код кој може да ги детектира најчестите малициозни качувања преку анализа на имињата на документите и нивната содржина.
Заради технички причини, во оваа верзија мораше да биде исклучена услугата Инсталирање преку веб. Се работи на тоа што поскоро да биде вратена оваа услуга.

За обнова на верзиите користете го Менаџерот на надградби и со еден клик завршете ја целата работа. За оние кои сакаат или мораат тоа да го направат рачно еве и врски:

Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.