Бараме преведувач/и за Џумла на Македонски.
Не е потребно врвно познавање, доволно е добра волја и мерак за работење со систем за правење веб сајтови.
Работата е волонтерска како што и самата Џумла е бесплатна. Придобивките за преведувачот се запознавање со системот и многу поголема ефикасност при изработка на веб сајтови.
Заинтересираните може да пишат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Joomla 2.5.20 е редовна обновa и се препорачува веднаш да ја обновите вашата верзија. Во оваа верзија се решени неколу безбедносни проблеми. За оваа верзија има обнова и на јазичните пакети па обновете го и Македонскиот пакет.
Joomla 3.3.0 е нова верзија од 3.х серијата. Ако користите Joomla 3.2 со PHP 5.3.10 тогаш препорачуваме веднаш да обновите, а ако имате друга помала верзија на PHP тогаш за вас ќе се појави верзијата 3.2.14. За да обновите директно преку менаџерот на обнови треба да имате најмалку 3.2.2 верзија од која се проверува компатибилноста на PHP,а ако имате постара верзија ќе ви покаже 3.2.4 пред да прејде на 3.3.0.
Покрај отстранетите над 115 багови, во новата верзија е подобрено шифрирањето и користењето микродата, како и оптимизирање на кодот.
За обнова на верзиите користете го Менаџерот за обнова и со еден клик завршете ја целата работа. За оние кои сакаат тоа да го направат рачно еве и врски:
- Преземи Joomla 2.5.20
- Преземи Joomla 3.3.0
- Преземи Македонски јазик за Joomla 2.5.20
- Преземи Македонски јазик за Joomla 3.3.0
Се разбира, пред секоја обнова прво направeте бекап, за секој случај.
Ве информираме дека Top.Net.MK ќе престане да постои во таа форма за неколку дена.
Но имаме подобра вест: Отсега сите информации за Македонски преводи на Џумла и нејзините додавки ќе следите на новиот домен Joomla.MK!
Доменот е верификуван и одобрен од OSM па со нивна дозвола ќе го користиме како официјален Македонски извор на информации, совети, помош...
Нормално дека секоја соработка е добредојдена.
Па, со среќа користењето на Joomla.MK
Страница 1 од 2